Причините поради кои Кристијано Роналдо сака да си замине од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Утрово медиумите од Португалија пренесоа сензационална вест, Кристијано Роналдо сака да си замине од Реал Мадрид.

Ова не е само обична шпекулација, и информацијата е прилично точна.

„Роналдо одлучи повеќе да не игра во Шпанија“ – вели за Марка, Нуно Луз, новинар од Португалија кој е добро упатен извор кога е во прашање Кристијано Роналдо.

Според Марка, има неколку причини за ваквата одлука на ЦР7.

Првата секако е обвинението кое беше покренато пред неколку дена за затајување на данок во износ од 14.7 милиони евра.

Португалецот верува дека тој не е виновен за проблемите со даночните власти. Роналдо смета дека работел според законот, па затоа е повреден и нервозен и не сака повеќе да игра во Шпанија.

ЦР7 исто така смета дека Реал Мадрид не изразил доволно поддршка и покрај тоа што „Кралевите“ испратија соопштение во кое се вели дека Реал „апсолутно е убеден во невиноста на Роналдо“.

Роналдо исто така верува дека проблемот кој го има со даночните власти е поради лошото менаџирање на клубот а не личен проблем. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани