230
Тетовска Шкендија ја очекува пеколно тешка задача во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, бидејќи ќе одигра двомеч со ФЦСБ.
Доколку направи изненадување македонскиот првак вкрстува со победникот од двомечот меѓу Шелбурн и Карабах. Сепак, при елиминација од квалификациите за елитното натпреварување тетовчани се селат во третото коло на Лигата на Европа.
На денешното извлекување на УЕФА се одреди дека Шкендија ако се пресели во второто по ранг европско натпреварување ќе вкрсти со поразениот од двомечот меѓу Копенхаген од Данска или косовска Дрита.