Претставници на Манчестер Сити биле во Скопје во домот на Елмас за да преговараат за македонскиот фудбалски бисер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Низа гиганти од
фудбалска Европа беа заинтересирани да го обезбедат потписот на македонскиот
фудбалски бисер Елиф Елмас, кој се реши да потпише за турскиот гигант
Фенербахче.

Нашиот 18 годишен
интернационалец нема право на настап за тимот од Истанбул се
до јануари, а веќе имаше настап на контролниот меч против
Калјари во подготвителниот период каде блесна и ги освои симпатиите од
гледалиштето.

На гостувањето во
емисијата „Куќа на фудбалот“, Елмас даде потврден одговор на прашањето дали е
точно дека претставници на Манчестер Сити биле во неговиот дом во Скопје за да
разговараат со неговиот татко околу трансфер во Англија, а притоа додаде дека
тоа е долга приказна, најмалку важна во моментов.

Не знам, тоа едноставно
е долга приказна, најмалку важно во моментов, јас сум во Фенербахче во моментов
и сум среќен поради тоа
“ истакна Елмас.


(прашањето и одговорот
на 20,28)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани