Претседателот потврди: Позната иднината на Де Хеа

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот голман Давид Де Хеа и во наредната сезона ќе го брани голот на Фиорентина, ова го потврди првиот човек на клубот, Роко Комисо.

Де Хеа кога пристигна во Фиренца потпиша договор на една година со опција да го продолжи на уште една сезона, ако тоа клубот го сака.

Во Фиорентина немаат причина да бидат незадоволни бидејќи Де Хеа брани на највисоко ниво, па одлучиле да ја активираат.

„Де Хеа ќе остане со нас и во наредната сезона“, потврди Комиси за италијанските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани