Претседателот на Спортинг Лисабон ќе работи како доктор во кризата со коронавирусот

by
1 минути читање

Претседателот на
клубот каде настапува нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, Спортинг
Лисабон, Фредерико Варандас објави дека ќе работи како доктор во кризата со
пандемијата со коронавирусот, додавајќи дека тоа ќе го прави
дур е потребно за Португалија.

Варандас е инаку
специјалист по спортска медицина, како и физичка медицина, односно
рехабилитација, 40 годишниот Варандас е инаку претседател на Спортинг Лисабон
од пред две години, а веста ја сподели на социјалните мрежи.

За генерациите
на нашите родители, баби, дедовци, но исто и за оваа генерација која во
моментов не може да израсне во земја која се соочува со сериозна криза која ја
зафати и нашата економија, за сите нив, за Португалија, ајде, сите заедно,
секој на свој начин
“ порача Варандас.

Некои ќе се
грижат за болните, некои ќе зготват леб, некои ќе ги информираат луѓето во
нашата земја, некои ќе работат на своите обврски да ја одржат економијата во
земјата. Јас и служев на мојата земја, денеска ќе се вратам на таа обврска
онолку колку што земјата ќе го побара тоа од мене, ајде да го сториме тоа, сите
заедно
“ додаде тој во својата објава.

Во Португалија
има 785 потврдени случаи на Ковид-19, а имаше и три смртни случаи,
претседателот на таа земја, Марсело Ребело де Соуса во средата прогласи
вонредна состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×