187
На Осогово засега не му оди најдобро на теренот, но не престанува да импресионира на другите полиња од работењето на клубот. Кочанскиот клуб е хит на социјалните мрежи со креативните твитови на нивниот админ, а раководството отиде и чекор понатаму откако успеа да го донесе во посета претседателот на Македонија, господинот Стево Пендаровски.
Ретко кој клуб може да се пофали дека го пречекал претседателот на државата, а од денеска еден таков е Осогово.
Претседателот Пендаровски се запозна со актуелната состојба на клубот, доби шал и сезонски билет и вети дека би сакал во иднина да присуствува и на натпревар на Осогово.


