Претседателот на Баерн Минхен: Не сум арогантен, но од саботата веќе сме шампиони

by
2 минути читање

На девет кола до
крајот на сезоната, Баерн Минхен има 13 бода предност на табелата во однос на
второпласираниот Лајпциг, па Ули Хенес верува дека слободно може да се каже дека
титулата останува на Алианц Арена.

„Уште од саботата
може да се каже дека сме шампиони
– вели претседателот на „Баварците“.

„Луѓето ќе речат
„Хенес е арогантен“, но не сум арогантен
.

„Имаме 13 бода
предност и гол разлика од 40 погодоци. Па тоа е еднакво на 14 бода разлика
.

„Ние треба да
загубиме пет натпревари, нашиот ривал да победи на сите средби до крај за да не помине
.

„Па не можам да
замислам дека тоа ќе се случи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани