165
Енрике Серезо е убеден дека Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид иако се чини дека нема причина толку многу да верува во тоа што го зборува.
„Нема шанси Гризман да замине на лето. 1.000% останува“, изјаги кратко Серезо.
Но, ако е точно дека Гризман има откупна клаузула која на лето треба да падне на 120 милиони евра, Атлетико Мадрид нема да може да го спречи неговото заминување доколку некој ја плати таа сума.
Поради откупната клаузула на францускиот фудбалер, навидум тврдиот став на Енрике Серезо, реално не „држи вода“.