Претседателот на Атлетико обвинува: Секогаш пред важни натпревари со Реал се појавуваат вакви стории

by
1 минути читање

Оваа недела Марка објави дека Реал Мадрид и Флорентино Перез ќе го прегазат „џентлменскиот договор“ со Атлетико Мадрид и ќе го купат талентираниот Тео Ернандез.

„Кралевите“ се подготвени да ја платат откупната клаузула во договорот на играчот вредна 24 милиони евра, и се говори дека тие веќе си подале рака со играчот за шест годишен договор.

Од таборот на Атлетоко велат дека никој не стапил во контакт со нив и обвинуваат дека вакви стории секогаш се појавуваат пред дерби пресметки.

„Секогаш кога имаме важен натпревар против Реал Мадрид се појавуваат стории дека тие сакаат да купат наш играч“ – вели претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.

„Реал Мадрид нема стапено во контакт со нас. Поканети сме во сабота на ручек со лидерите на Реал Мадрид, традиција која е стара долги години и ние ќе одиме. Ќе видиме дали тогаш ќе кажат нешто за ова…“.

„Во овој момент Тео е под договор со Атлетико и игра на позајмица во Алавес“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани