Вардар со елиминацијата на Фенербахче направи историски успех станувајќи првиот македонски клуб кој се пласирал во групната фаза од едно европско натпреварување.
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов кој во Охрид заедно со учесниците на Школата за млади лидери го следел натпреварот, им ја честита големата победа на Вардар.
„Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар. Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар!“, се вели во честитката од претседателот Иванов.