Претседателот Бепе Марота стана и акционер во Интер

by riste
0 минути читање

Интер соопшти дека претседателот на клубот, Џузепе Бепе Марота стана и дел од сопственичката структура купувајќи акции.

Марота купил 2 проценти од акциите на Интер. Во соопштението се вели дека неговата инвестиција ја покажува комплетната приврзаност и верба во клубот на долг рок.

Тој во клубот е веќе седум години, а од минатата година ја доби претседателската функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×