Претседател на македонски клуб заврши зад решетки во Турција, шверцувал злато ведно 300.000 евра

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Турција пренесуваат дека претседател на фудбалски клуб од Македонија бил уапсен во Батман поради сомнеж за шверц на злато во вредност од околу 300.000 евра.

Голем број на извори од Турција пренесуваат дека на 24. март, сомнително такси возило било сопрено на автопатот Сиирт – Батман, а по извршениот претрес било откриено злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на околу 300.000 евра.

Полицијата привела едно лице со иницијали Б.Х, за кое подоцна било утврдено дека станува збор за претседател на клуб од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Златото е конфискувано, лицето е приведено и се започнати правни постапки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×