Поранешниот англиски
дефанзивец и асистент, Гери Невил верува дека селекторот на Англија, Герет
Саутгејт испрати јасна и чиста порака околу политиките во националниот состав
на „Гордиот албион“ да не се меша клупското ривалство во тимот.
Ѕвездата на
Англија и член на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг е изоставен од националниот
тим по инцидентот кој го имаше со дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, кој остана
со гребнатинка на своето лице.
Двоецот имаше
конфронтација и на мега дербито во последното одиграно коло во Премиерлигата
каде Ливерпул беше подобар пред своја публика со 3-1 во мечот со директниот
ривал за титулата, а Гери Невил застана во одбрана на одлуката на Саутгејт да
го изостави Стерлинг, ја наведе и причината за таквиот став.
„Бев инволвиран
во неколку слични ситуации во текот на годините со репрезентацијата на Англија,
не постои правилно или неправилно нешто во таквите ситуации, видов селектори
кои ги ставаа тие инциденти под тепих, а воедно се обидуваа да задржат ниско
ниво од тие работи“ изјави Невил за „Скај Спортс“.
„Исто така сум
видел и тренери кои излегоа јавно, истото го стори и Герет. Тоа што би го кажал
околу одлуката на Герет… мислам дека е вистинска, без притоа да знам детали
од тоа што се случило“ додаде тој.
„Нема ништо
полошо од тоа да криете вакви работи под тепих, а потоа сите фудбалери да се
вратат во сопствените соби кои ги делат заедно, како и да зборуваат зад вашиот
грб за тоа каков слабак сте, како и тоа дека не сте се соочиле со тоа бидејќи
тој е некој голем фудбалер, тоа би било далеку од голема одлука“ заклучи Невил
алудирајќи на фактот што Стерлинг е голема ѕвезда во составот, но, не треба да
се толерира во една ваква ситуација.