Пресврт во Англија, идејата со неутралните терени паѓа во вода

by
2 минути читање

Клубовите од
Премиерлигата ќе имаат можност да ги одиграат преостанатите натпревари на
своите стадиони, објави „Спортсмејл“, со тоа што идејата по која се косеа
интересите на повеќе страни во преговорите за т.н. „Проект Рестарт“ се чини
дека паѓа во вода.

На Островот
известуваат дека полицијата е отворена на идејата клубовите да ги играат
преостанатите натпревари на своите стадиони, а сево ова доаѓа по наводно
позитивниот разговор вчеравечер за време на состанокот за т.н. „Проект Рестарт“.

Една од главните
причини поради кои Премиерлигата иницијално предложи сезоната да продолжи на
осум неутрални терени беше поради стравувањето за групирање на навивачи пред
самите стадиони, ако се земе во предвид фактот дека натпреварите ќе се играат
без публика.

Иако се уште
постои загриженост на таа тема, неколку клубови дури и јавно застанаа против
идејата за неутрални терени, иако, постои загриженост дека и во вакво сценарио
истото би можело да биде проблем.

Како и да е, „Спортсмејл“
известува дека на самите клубови им е укажано дека се додека тие се грижат за
да се запазат сите мерки на претпазливост, тие би можеле да ги организираат
натпреварите на своите стадиони.

Промената на
позициите кај властите на Островот може да донесе и големи импликации за
Чемпионшип дивизијата, каде Лидс на нашиот Езгјан Алиоски е пред враќање во
елитното друштво по пауза од цели 16 години.

Во второлигашкото
друштво се надеваат дека би можеле да ја комплетираат сезоната, меѓутоа нема
дилеми дека ресурсите се голем предизвик, па така дури се подвлекува дека под
знак прашалник ќе биде промоцијата, односно испаѓањето, односно процедурата
околу сето тоа поради поинаквите околности во кој би се доиграла сезоната, иако
ова е само теорија за која медиумите постојано известуваат.

Како и да е, од тоа што досега е официјално, ФА ја отфрли можноста сезоната да биде поништена, а да се отфрли во игра промоцијата, односно испаѓањето од лига, но „Дејли Мејл“ извести дека постои поделеност помеѓу клубовите, во случај Премиерлигата да биде комплетирана целосно, а Чемпионшип дивизијата да биде ограничена по тоа прашање, па така се бара еднаквост по тоа прашање.

Кога сме веќе кај случувањата во фудбалска Англија, вреди да завршиме со една доста интересна вест која пристигна од таму, а во која се вели дека амбициозниот Вулверхемптон е првиот Премиерлигаш кој инсталираше посебен уред за тестирање на сиот фудбалски и не-фудбалски персонал, и тоа пред самиот влез во тренинг центарот на клубот, од самите автомобили.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×