Во изминатите денови се најавуваше дека Џакомо Распадори ќе стане нов напаѓач на Рома, но наместо во Рим, но наместо во Рим на крајот тој ќе заврши во Бергам.
Според бројни извори, Аталанта во последен момент се вклучила во трката и успеала да го убеди напаѓачот да го избере Бергамо.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и на 15 натпревари во сите натпреварувања постигна само два гола и запиша три асистенции.
Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во татковината и на крајот ја избра Аталанта.
Распадори сакаше да се приклучи на тим каде ќе добие поголема минутажа со цел да се наметне пред Светското првенство кое се игра наредното лето.