Џејдон Санчо ги започна подготовките за новата сезона во Манчестер јунајтед, Англичанецот имал средба со Ерик тен Хаг, на која двајцата ги надминале недоразбирањата.
Џејдон Санчво во август минатата година влезе во конфликт со тренерот Ерик тен Хаг, одби да се извини, па не одигра ниту една минута во продолжението од сезоната, дури тренираше и јадеше сам.
Во јануари, Англичанецот беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд, каде демонстрираше дека има што да покаже и играше финале во Лигата на шампиони.
Изминатиов период често имаше гласини за неговата иднина, се говореше дека нема место за него на Олд Трафорд, но последните информации велат дека Џејдон Санчо и Ерик тен Хаг се помириле па играчот ги започна подготовките за новата сезона со „ѓаволите“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.