Пресврт на Ливерпул за 120 секунди во режија на Кутињо и Фирмино (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По киксот во
дуелот со Борнмут, Ливерпул попладнево беше на добар пат да загуби нови бодови.

Волтер го донесе Стоук
во предност во финишот на првиот дел и најави ново разочарување за „Црвните“.

Сепак, гостите
преку Кутињо во 70. минута изедначија на 1-1 а 120 секунди подоцна Фирмино
погоди за 1-2.


Манчестер Сити
пред своите фанови забележа рутинска победа од 3-1 во дуелот со Хал.

„Граѓаните“
поведоа по половина час игра откако Елмохамади ја затресе сопствената мрежа.

Агуеро на стартот
од вториот дел зголеми на 2-0, а Делф ги реши сите дилеми околу победникот во
64. минута.

Хал преку Ранокиа
во 85. минута постигнаа само почесен погодок.


Вест Хем со 1-0
славеше против Свонси, Саутемптон со 0-1 триумфираше кај ВБА а Мидлзбро и
Барнли одиграа натпревар без погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани