Францускиот гигант Лион ќе остане во Лига 1, а исто така и ќе игра во Лигата на Европа наредната сезона.
Лион имаше финансиски проблеми, но сега е потврдено дека и во наредната сезона ќе игра во елитниот ранг на францускиот фудбал, меѓутоа ќе биде ограничен со платите и трансфеите.
Ќе потсетиме, претходно беше донеена привремена одлука за исфрлување на Лион во Лига 2 поради неисполнувањето на финансиските критериуми. Клубот беше соочен со големи долгови и тоа предизвика голем шок во француската јавност и помеѓу навивачите на еден од најголемитек клубови во земјата, но сега можат да бидат среќни затоа што Лион и наредната сезона ќе биде во друштво на најдобрите, а како и секоја сезона амбициите ќе бидат за највусок пласман.