Престијани тренираше на Бернабеу и покрај суспензијата! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Џанлука Престијани е суспендиран за утрешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Бенфика, но фудбалерот кого го обвинија за расизам е присутен со останатите од португалскиот тим.

Бенфика не само што го донесе Престијани во Мадрид, туку тој денеска тренираше на Сантијаго Бернабеу и покрај тоа што утре не може да игра.

Дали ова е некој вид на провокација и психолошка игра на Бенфика, никогаш нема да се дознае.

Исто како што и тешко ќе може да се дознае дали Престијани навистина го навреди Винисиус на расна основа, бидејќи докази нема.

УЕФА му изрече суспензија на Аргентинецот само врз база на изјави од таборот на Реал Мадрид и тоа е она што ја налути Бенфика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×