Техничкиот
секретер на „Каталонците“, Роберт Фернандез беше уловен на трибините на
пријателскиот натпревар помеѓу Камерун и Колумбија кој вечерва се одигра во Гетафе.
Според пишувањата
на медиумите од Шпанија, тој добро внимавал на двајца играчи.
На агендата на Роберт
Фернандез биле младите дефанзивци, Јери Мина и Давинсон Санчез.
Јери Мина имаше
одличен натпревар и постигна два гола. Се верува дека „Каталонците“ имаат
опција да го ангажираат за 9 милиони евра, и наскоро треба да одлучат дали ќе
ја активираат оваа клаузула.
Дефанзивецот
настапива во редовите на Палмеирас, па Роберт Фернандез сега лично сакал да се
увери во неговите квалитети, откако сите извештаи кои пристинале од Бразил биле одлични.
Давинсон Санчез
исто така подолго време е на радарот на Барса.
Ајакс минатото
лето успеа да го украде талентираниот Колумбиецот пред носот на гигантот од
Шпанија, но Барселона и понатаму го следи неговиот прогрес.