Препородената Рома до нова победа, Зуле со гол од слободен удар ја реши Парма (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Рома девет натпревари по ред не знае за пораз во Серија А, а ова беше петта победа во тој период.

„Волчицата“ на Клаудио Раниери се радува на гостувањето кај Парма со 0-1 (0-1) во натпреварот од 25. коло на Серија А. Со овој триумф Рома дојде на 37 бода и котира на деветтата позиција, а полека се враќа и во трката за евро-куповите.

Човек на одлука на „Енио Тардини“ беше Матиас Зуле кој реализира директно од слободен удар. Течеше 33. минута кога Аргентинецот погоди за 0-1, а на тој гол му претходеше црвен картон на Леони и Парма беше инфериорна во продолжението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×