Премиерот на Шпанија до Гвардиола: Твоите коментари се однесуваат на земјата која ти понуди да и бидеш селектор?

by
1 минути читање

Премиерот на
Шпанија, Педро Санчез веднаш возврати на коментарите на Пеп Гвардиола кој ја
нарече таа држава
авторитарна, алудирајќи на прашањето за независноста
на Каталонија за кое тој долг период е вклучен.

Санчез ја
предводи централно-лево ориентираната политичка партија ПСОЕ на изборите во
Шпанија овој месец, а воедно упати критики до шефот на стручниот штаб на
англискиот првак Манчестер Сити.

Спортот е дел од
нашата национална гордост, во спортот никогаш не треба да се меша политиката

рече Санчез во интервјуто за Марка.

Неговите
коментари за Шпанија која ја нарече авторитарна држава ме вознемирија, навреден
сум од тие коментари бидејќи истите не се точни
“ додаде тој.

Тој зборува за
шпанската национална селекција, но, од тоа што јас го знам таа е од истата
држава која побара од него да ја предводи
“ заклучи Санчез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×