Премиерлигата во петок ќе ги пегла деталите за ре-старт на сезоната, фудбалот би требало да продолжи на 8. јуни

by
1 минути читање

Владата на Велика
Британија сака што поскоро топката да почне да се тркала на терените, па
интензивно се работи на план за ре-старт на сезоната. Клубовите од Премиерлигата
во петок ќе имаат нов состанок на кој ќе се пеглаат деталите и ќе се утврди
протоколот под кој фудбалерите ќе почнат да работат со полна пареа.

Арсенал, Евертон
и Вест Хем синоќа ги отворија тренинг центрите, денеска тоа ќе го направи и
Тотнем, но во моментов играчите ќе работат под строги правила за социјално
дистанцирање и во мали групи или индивидуално.

Планот е клубовите
да почнат да тренираат со полна пареа на 18. мај, да имаат три недели за враќање
во топ форма и сезоната да продолжи на 8. јуни, со што ќе се отвори простор за
завршување до крајот на јули, во склоп со насоките од УЕФА.

„Лично сум во постојан
контакт и разговори со Премиерлигата, целта е фудбалот да продолжи што поскоро.
Секако, секој повлечен потег ќе биде во склоп со насоките за јавно здравје“

изјави секретарот за Дигитална технологија, култура, медиуми и спорт Оливер
Дауден. 

Сезоната во Премиерлигата беше прекината на 13. март поради пандемијата на коронавирус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×