Премиерлигата се закани откако Челси, Астон Вила и Евертон направија „италијанска финта“

by bojan
2 минути читање
Челси

Како што пренесува Телеграф, Премиерлигата испратила допис до сите 20 клубови и се заканила со казни по серијата сомнителни трансфери помеѓу Челси, Астон Вила и Евертон.

Клубовите од Италија со години ги балансираат смеките со тоа што ги „пумпаат“ вредностите на одредени играчи (најчесто од младинската школа) и на тој начин ги избегнуваат санкциите за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Оваа финта сега ја прават Челси, Аснтон Вила и Евертон.

Се започна со трансферот на Тим Ирогбунам, Евертон на Астон Вила и плати околу 9 милиони фунти за 20-годишниот фудбалер од средниот ред, кој има едвај десет настапи во Премиерлигата.

Кратко потоа, Астон Вила од Евертон го купи младиот напаѓач Луис Добин во зделка исто така вредна 9 милиони фунти.

Астон Вила исто така го продаде тинејџерот Омари Келимен на Челси за 19 милиони фунти, прилично висока сума за играч кој има само 148 минути првотимски фудбал. Кратко потоа, се појавија гласини дека клубот од „Вила Парк“ ќе направи нова зделка со „сините“ и ќе го купи Иан Матсен за 37,5 милиони фунти.

Веднаш беа вклучени аларми дека има нешто сомнително и многумина сметаат дека овие зделки се користат за да се заобиколат правилата, трите клубови да искажат поголема добивка и на тој начин да избегнат сакнции и одземање бодови.

Па Премиерлигата веднаш реагирала, испратила допис до сите 20 клубови и се заканила со казни, односно клубовите ќе враќаат пари доколку се утврди дека се „пумпаат“ цените. Премиерлигата ги потсетила клубовите дека има моќ да ги ревидира сите зделки, да побара дополнителни информации и да утврди дали трансферите се реализирани по фер цена.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани