Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси, Тотнем и Вест Хем внимателно го следат Витор Роке, кој во својата прва авантура во Европа се покажа како големо трансфер промашување на Барселона.
„Каталонците“ во 2023 го ангажираа Витор Роке како одговор на трансферот на Ендрик во Реал Мадрид, но напаѓачот не се снајде најдобро на Камп Ноу и во февруари 2025 беше продаден на Палмеирас.
Но како што пренесуваат медиумите од „островото“, Витор Роке со своите добри настапи во Бразил го привлекол вниманието на неколку клубови од Премиерлигата.
Челси, Тотнем и Вест Хем го имаат напаѓачот во своите бележници и внимателно ги следат неговите игри.
Бразилецот има само 20 години, па прашање на време е кога ќе се случи неговата втора авантура во Европа.
ФОТО: X/SE Palmeiras