Премиерлигата го забрани традиционалното ракување на натпреварите поради коронавирусот!

by
0 минути читање

Фудбалерите традиционално се ракуваа пред натпреварите, а најчесто си честитаа и по завршувањето на мечевите, но во наредниот период тоа не треба да се случува.

Премиерлигата го забрани ракувањето од денеска па до неодредено време, додека не добијат поинаков совет од надлежните медицински лица.

„Фер-плеј ракувањето меѓу фудбалерите и официјалните лица од овој викенд па се до следниот медицински совет е забрането“, стои во соопштението на Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×