Премиерлигата го казни Манчестер Сити со 1 милион фунти зошто девет пати ги прекршиле правилата

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Премиерлигата го казни Манчестер Сити со 1 милион фунти, „граѓаните“ минатата сезона девет пати ги прекршиле правилата со тоа што доцнеле на почетокот на натпреварите, или стартот на вторите полувремиња.

Навивачите со нетрпение го чекаат исходот од случајот во кој Манчестер Сити е обвинет дека 115 пати ги прекршил правилата за Финансиски фер плеј.

Денеска пристигна информации дека „граѓаните“ прифатиле парична глоба од 1 милион фунти, но ова се однесува за сосема друг случај.

Тие минатата сезона девет пати ги прекршиле правилата со тоа што доцнеле на почетокот од натпреварите, или стартот на вторите полувремиња.

Ова не е прв пат Манчестер Сити да добие ваква казна, минатото лето клубот од Етихад плати 2 милиони фунти зошто 22 пати ги прекршил правилата во сезоните 2022/23 и 2023/24.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×