Премиерлигата добива мега засилување, евентуална независност на Каталонија ја носи Барселона во Англија?!

by
2 минути читање

Иако политиката и спортот не одат заедно, сепак се
појавија низа шпекулации во однос на тоа што би се случило со Барселона доколку
во недела се изгласа независност на Каталонија.

Џерард Фигуерас, министерот за Спорт на Каталонија
испрати порака до јавноста која на големо ја пренесуваат светските медиуми, а
англиските во тоа видоа информација која одекна како бомба на Островот.

Во случај на декларирање на независност, Каталонските
екипи во Ла Лига, Барселона, Еспањол и Гирона, ќе мораат да одлучат каде сакаат
да се натпреваруваат, дали во шпанската лига, или пак во некоја од соседството,
во Италија, Франција или пак Англија, поточно Премиерлигата
“ издвои Фигуерас.

Во моментов во Шпанија настапуваат екипи од други земји
кои играат во националните лиги, клубови од Андора во фудбал и кошарка. Монако
игра во Франција, во Англија можеме да забележиме клубови од Велс. Не мислам
дека УЕФА ќе има нешто против тоа да некои клубови играат во различни лиги од
нивната земја
“ додаде тој.

Инаку, владата во Шпанија референдумот предвиден да се
одржи во недела го означи за нелегитимен, во изминатите неколку месеци имаше
притворање на лица кои учествуваа и помагаа во организирање на референдумот
претстојниов викенд.

За неделниот референдум во Барселона шпанската влада
испрати 7000 полициски службеници кои треба да го спречат одржувањето на
референдумот, истиот ден, лидерот во Примера на домашен терен го пречекува Лас
Палмас во седмото коло, па иако се најавуваше можно одложување на мечот, поради
страв од инциденти, тамошните власти веднаш реагираа и најавија дека
дополнително ќе се погрижат за безбедноста на натпреварот на „Камп Ноу“.

 

Извор/Фото-вест: mirror.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани