Премиерлигашка трка за Алваро Мората

by
1 минути читање

Според англискиот весник „Сан“, Арсенал е подготвен да се бори со Челси и Манчестер јунајтед за потписот на Мората.

Алваро Мората игра во одлична форма цела сезона и покрај тоа што е втора опција кај Зинедин Зидан, зад Карим Бензема.

Шпанскиот напаѓач е подготвен по втор пат да го напушти Реал Мадрид, а овој пат се чини дека ќе се пресели во Премиерлигата.

Најблиску до потписот на Мората се чини дека е Челси кој како адут го има Антонио Конте, тренерот кој го донесе напаѓачот во Јувентус.

Но и Жозе Мурињо добро го познава Мората од времето во Реал Мадрид, токму тој прв му ја даде шансата во првиот тим на кралскиот клуб. Се шпекулира дека Португалецот повторно сака да го види Мората, овој пат во Манчестер јунајтед.

Денеска англиските медиуми пишуваат дека и Арсенал е подготвен да издвои рекордна сума за ангажман на Мората кој би бил замена за Алексис Санчез кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Огромни се шансите од следната сезона Мората да игра во Премиерлигата, а кој клуб ќе го одбере, останува да видиме во летниот преоден рок кој започнува за половина месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани