И додека во
најголемиот дел од Европа клубовите ќе можат да се засилуваат до почетокот на
септември, трансфер период во Англија затвори синоќа, ден пред стартот на
новата сезона.
Ова лето,
клубовите од Премиерлигата потрошија околу 1,4 милјарди фунти, и веќе четврта
година по ред ја надминуваат границата од една мијарда фунти.
Според анализата
на Скај Спортс, на врвот е Манчестер јунајтед, кој го реализираше најскапото
засилување откако искешира 80 милиони фунти за Хари Мегваер. Потоа има две
изненадувачки имиња, новајлијата Астон Вила и Арсенал, за „топчиите“ се
говореше дека ќе имаат ограничен буџет од 45 милиони фунти.

Што се однесува
до продажбите, најмногу инкасираше Челси и тоа благодарејќи на две зделки.
Продажбата на Еден Азар во Реал Мадрид за 130 милиони фунти и продажбата на
Алваро Мората во Атлетико Мадрид за 58 милиони фунти.

Доколку се прави
аналза на нето потрошувачката, Астон Вила е убедливо на врвот бидејќи ова лето
не продаде ништо а потроши дури 144,5 милиони фунти за нови играчи.
