149
„Скај Спортс“ дознава дека Евертон се интересира за дефанзивците на Барселона, Лукас Дињ и Јери Мина.
Англискиот тим веќе направил и конкретен чекор да дојде до овие двајца фудбалери кои се во втор план во Барса и не се недопирливи.
Дињ кој во Барселона е од 2016 година има само 29 натпревари за тимот, тој во моментов е на турнејата во САД на шпанскиот шампион.
Јери Мина кој имаше импресивен настап за Колумбија на Светското првенство, се уште е на одмор. Колумбиецот во Барселона дојде на полусезона и има одиграно само неколку меча.