84
Фудбалерите од школата на Барселона често се мета на клубовите од „Островото“ кои можат да им понудат убави договори кога ќе наполнат 16 години.
Сеск Фабрегас и Ектор Бељерин се најзвучните имиња, а според каталонските медиуми, на пат за „Островото“ е уште еден бисер од „Ла Масија“.
Се работи за дефанзивецот Ерик Гарсија кој настапува во Кадети А.
16 годишното момче решилo да не го продолжи договорот со Барселона, и да ја прифати богатата понуда на Манчестер Сити.
Медиумите блиски до Барса велат декa Ерик Гарсија важи за еден од најперспективните играчи во школата, и „Каталонците“ веќе планирале полека од следната сезона да го промовираат во првиот тим.