Речиси секоја
недела медиумите од Англија пишуваат за можно враќање на Џејдон Санчо во
Премиерлигата, 19 годишниот офанзивец е мета на Манчестер јунајтед, Челси и
Ливерпул.
Од таборот на
Борусија Дортмунд пред некој ден изјавија дека не им се потребни пари и дека не
сакаат да се разделат со играчот, но и самите знаат дека ништо нема да можат да
сторат доколку Англичанецот изрази желба да се врати на „островото“.
Според пишувањата
на Билд, „милионерите“ добро ќе наплатат доколку се приморани да се разделат со
Џејдон Санчо и нема да почнат преговори без понуда од 140 милиони евра. Ова е
само почитна сума и ќе бидат потребни уште неколку десетици милиони евра во
бонуси за комплетирање на трансфер.
Со вакви бројки, ќе
биде урнат рекордот за најскап трансфер во Премиерлигата, кој во моментов му
припаѓа на Пол Погба за кого Манчестер јунајтед одвои 105 милиони евра.