Клубовите од Премиерлигата минатата недела
едногласно изгласаа дека остануваат посветени на доигрување на сезоната. Но екипите од долниот дел од табелата преферираат сезоната да биде поништена и
тие да се спасат од испаѓање, па имаат одредени замерки.
Најголеми примедби даваат за идејата натпреварите
да се играат на неутрален терен, сметаат дека се оштетени со тоа што ја губат
предноата на домашен терен. На многумина ова им е нелогично со оглед на тоа
дека натпреварите и онака ќе се играат без публика, а навивачите се тие кои ја
прават разликата.
Очигледно некои од клубовите бараат влакно во
јајцето па сега имаат нов изговор, и се плашат дека Ливерпул ќе игра со деца.
На „црвените“ им требаат само уште две победи за шампионскиот пехар, па откако
ќе ја остварат оваа цел, Јирген Клоп би можел да ги поштеди и заштите ѕвездите.
„Видовме што направи Ливерпул во куповите, па
зошто истото да не го повторат во првенството откако ќе ја освојата титулата?
Јирген Клоп може да им каже на ѕвездите да заминат поради својата безбедност, и
тоа е сосема разбирливо. Но доколку излезат со деца на натпревари на кои реално
можат и треба да победат, и тие бодови на крајот се покажат како клучни, тоа ќе
направи хаос во првенството, ќе се доведе во прашање спортскиот интегритет“ –
вели неименуван директор на клуб од Премиерлигата за Сан.
Ливерпул до крајот на сезоната треба да игра со
три клубови кои се борат за опстанок, односно Астон Вила, Брајтон и Њукасл.