Премиерлигашите 4 часа дискутираа за „Проект ре-старт“, сезоната ќе продолжи на неутрални терени на 12. јуни

by
1 минути читање

Попладнево беше
одржан состанок на кои клубовите од Премиерлигата дискутираа за продолжението
од сезоната односно „Проект ре-старт“. По дебата од речиси 4 часа, сите се
согласиле дека сезоната треба да биде финиширана но само доколку амин даде Владата,
експертите од медицината, фудбалерите и тренерите.

Планот е да се
игра зад затворени врати, на неутрални терени и тоа на стадиони во чија околина
нема домови, како Емирати на Арсенал, Етихад на Манчестер Сити, Амекс на
Брајтон и Сент Мерис на Саутемптон.

Со тренинзи ќе
треба да се почне на средината од мај, и тоа според строги протоколи а 12. јуни
се посочува како датум за првиот натпревар од продолжението на сезоната.

На 7. мај,
Владата на Велика Британија ќе излезе со план за олабавување на мерките, а
потоа клубовите ќе одржат нов состанок на кој ќе бидат дискутирани повеќе
детали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×