1,7K
Спортскиот директор од редовите на Астон Вила, Мончи призна дека овој клуб е заинтересиран во своите редовите да го доведе турскиот фудбалер од Реал Мадрид, Арда Ѓулер.
Репрезентативецот на Турција во дресот на Реал Мадрид сезонава одигра само 1.088 минути и поради тоа би можел да побара нова средина.
„Го пзонавам добро и тој е фудбалер кој секој спортски директор го следи откако ја напушти Турција. Дефинитивно има многу квалитети кои би помогнале на Астон Вила, а исто така и ние бараме играч на таа позиција“, изјави Мончи со што призна дека се подготвени да реагираат ако им се укаже шанса.
Претходно со името на Ѓулер од Премиер лигата се поврзуваа Манчестер сити и Арсенал.