На вчерашната
видеоконференција на која присуство имаа претставниците на клубовите од
Премиерлигата, сите изразиле иницијатиа дека сезоната треба да продолжи, но ќе
се чека и одлуката на тамошните власти.
„Дејли Мејл“
пишувајќи на оваа тема, денеска извести дека постои светло на крајот од
тунелот, а се верува дека клубовите од Премиерлигата дефинирале и датум,
односно 18 мај, кога би требало да се продолжи со тренажниот процес, а
натпреварите би требало да продолжат три седмици потоа, но, без навивачи на
трибините.
Меѓутоа, од таму
наведуваат дека властите јасно им посочиле на клубовите дека за фудбалот нема
да има никакви исклучоци, алудирајќи на тоа дека првично не е оставен никаков
простор за надеж дека ќе има навивачи на трибините.
Во преговорите
помеѓу клубовите бил прецизиран и датумот 30 јуни, за да се комплетира
актуелната сезона, па јасно е дека на Островот ќе проследиме „фудбалски
фестивал“ со бројни натпревари во краток рок, меѓутоа оваа идеја најмногу се
однесува поради фудбалерите чии договори истекуваат на крајот од летото, па клубовите
сакаат да избегнат компликации по тоа прашање.
Како и да е,
„Дејли Мејл“ посочува дека од т.н. „голема шесторка“ навестуваат дека за да се
комплетира актуелната сезона, доколку е потребно фудбал ќе се игра и до август,
доколку сето тоа е потребно.
Во меѓувреме,
Премиерлигата наводно ги предупредила сите клубови дека не треба да очекуваат
одредени специјални пригилегии од властите, како и тоа дека и тие ќе бидат
предмет на исти мерки за Ковид-19 како и останатиот дел од земјата.
„Сан“ од друга
страна пак, известува дека фудбалерите во Премиерлигата штом се вратат на
своите работни обврски ќе наидат и на специјална програма за заштита на нивното
здравје, првично тие на тренинзите ќе одат подготвени во целосна опрема.
Постои
иницијатива која произлегла на видеоконференцијата помеѓу клубовите, а истата
се вели дека се состои од избегнување на контакти помеѓу фудбалерите во
соблекувалната, во еден мал и затворен простор.
Истовремено од
„Сан“ посочуваат дека фудбалерите при пристигнувањето на тренинзите ќе бидат и
тестирани за коронавирус, и тоа во нивните автомобили, а од таму додаваат дека
клубовите иницираат на тоа фудбалерите да минуваат што е можно помалку време на
тренинг центрите, а тие би тренирале од групи по најмногу петмина фудбалери.
За крај, ќе
потсетиме дека на Ливерпул му се потребни уште само две победи на девет кола до
крајот на сезоната, за да дојде до првата титула по пауза од цели 30 години.