Aнглиската Премиер лига од 12. април со почеток од 32. коло ќе воведе полуавтоматска ВАР технологија за одредување на офсајд. Оваа одлука е веќе донесена откако беше успешно тестирана во ФА Купот.
Новата технологија користи систем на оптичко следење на фудбалерите и топката, овозможувајќи прецизно поставување на виртуелна офсајд линија.
Во клучните моменти како постигнување на гол или досудување пенал, системот автоматски испраќа предупредување до ВАР собата. Тие потоа треба да ја потврдат точноста на податоците пред да го известат судијата на терен.
Со оваа технологија се намалува времето потребно за носење на одлуката и ја зголемува доследноста на примената на правилата што значи дека веќе не би требало да имаме сомнителни ситуации при повлекувањето линии и полемики околу спорните ситуации.
Графичкиот приказ ќе биде достапен на телевизиските преноси и големите екрани на стадионот со што ќе се зголеми и транспарентноста пред навивачите.
Semi-automated offside technology will be introduced by the Premier League for Matchweek 32, commencing on Saturday 12 April
— Premier League (@premierleague) April 1, 2025
Read more about the introduction