Премиерлигата попладнево соопшти дека Манчестер Сити е казнет со глоба од над 2 милиони фунти бидејќи во последните две сезони дури 22 пати ги прекршил правилата со тоа што доцнел на натпреварите.
И додека цел свет го чека исходот од процесот во кој Манчестер Сити е обвинет дека 115 пати ги прекршил правилата за Финансиски фер плеј, Премиерлигата попладнево соопшти дека ги казнила „граѓаните“ поради прекршување на друго правило.
Избраниците на Пеп Гвардила во последните две сезони дури 22 пати доцнеле на стартот на натпреварите, или на стартот на вторите полувремиња, па се казнети со парична глоба од нешто над 2 милиони фунти.
Од таборот на шампионот на Англија се извинуваат и порачуваат дека ќе ги потсетат играчите и тренерскиот персонал за нивните одговорности.