Преку профилот на резервниот тим, Барселона го соопшти второто засилување за новата сезона

by bojan
1 минути читање

Барселона попладнево го потврди трансферот на Руни Бардгџи од Копенхаген, офанзивниот фудбалер стави потпис на договор до 2029 година.

Руни Бардгџи е второто засилување за „каталонците“ ова лето, откако минатата недела фудбалерот успешно ги мина лекарските прегледи, денеска пристигна и официјална потврда.

Интересно е тоа што трансферот беше најавен преку профилите на резервниот тим, Барса Атлетик и веројатно таму ќе се води неговата регистрација.

Детали од зделката не се откриваат, но се шпекулира дека клубот од Камп Ноу ќе плати околу 2 милиони евра за 19 годишниот Руни Бардгџи, кој важи за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација.

ФОТО: X/Barça Atlètic

Можно е и ова да ти се допаѓа

×