239
Пандев е еден од најзабележителните на теренот во првото полувреме од дуелот меѓу Наполи и Џенова.
Македонецот имаше три шанси, не успеа да реализира, но во судиското продолжение од првиот дел фантастично додаде до Лазовиќ кој изедначи на 1-1.
Претходно Стураро во 28. минута доби црвен картон по што Џенова остана со играч помалку, а Мертенс во 36. му донесе водство на Наполи од 1-0.