81
Реал Мадрид се врати на минус осум во однос на Барселона откако вечерва го доби заостанатиот натпревар од 21. коло во Ла Лига, избраниците на Анчелоти лесно со 4-0 ја добија пресметката со Елче.
Резултатот беше отворен рано, Асенсио помина покрај неколку противнилки играчи и по земја пласираше прецизно за 1-0 во 8. минута.
По половина час игра, Бензема од белата точка зголеми на 2-0 а во последните мигови на првиот дел, Французинот реализираше нов пенал за 3-0.
Точка на натпреварот стави Модриќ, Хрватот од место од врвот на шеснасетникот биеше неодбранливо во аголот за 4-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.