Прекрасен гол на Гризман од слободен удар, Атлетико со 3-1 ја совлада Севиља (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Продолжува
кризата на Севиља, избраниците на Сампаоли попладнево загубија на гостувањето
на Висенте Калдерон па уште сега можат да се збогуваат од битката за титулата.

Годин ги донесе
домаќините во предност од 1-0 во 37. минута. По еден час игра, Гризман постигна
прекрасен гол од слободен удар за 2-0.

Сите дилеми околу
победникот ги реши Коке во 77. минута, а гостите преку Кореа постигнаа само
почесен гол на пет минути до крајот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани