Рома покажа
огромна почит кон својот поранешен фудбалер Мохамед Салах, првата ѕвезда на
Ливерпул кој токму од римскиот клуб премина во редовите на англиската екипа.
Египјанецот
возврати со тоа што не ни помисли да прослави гол против својот поранешен клуб
во полуфиналето од Лигата на шампионите, а по реванш пресметката во Рим, каде
Рома и покрај победата од 4-2, недоволна по гостинскиот пораз од 5-2, упати
неверојатна порака до Салах, на кого му посака среќа во финалето во Киев.
„Боли премногу
тоа што неверојатниот сон на Рома на патот до Киев е завршен, но, ти ќе бидеш
таму во твоите нови бои. Среќно во финалето од Лигата на шампионите“ гласеше
пораката која италијанскиот клуб ја напиша на социјалните мрежи.
Нема сомнение,
Рома прикажа огромна професионалност со оваа објава и пред се’ гест кој ги собра сите аплаузи ширум
фудбалскиот свет.