Преговорите завршија успешно, Милан си најде нов напаѓач

by
1 минути читање

Милан си најде
нов напаѓач, на листата со желби имаше неколку имиња како Алваро Мората, Пјер
Емерик Обамејанг, Андреа Белоти и Диего Коста.

Но во последно
време како опција се појави и Андре Силва, и на крајот изборот падна токму на голгетерот
на Порто.

21 годишниот Португалец, кој важи за еден од најперспективните напаѓачи,
вечерва пристигна во канцелариите на Милан заедно со својот агент Жорж Мендеш.

Медиумите од
Италија пишуваат дека преговорите биле успешни, двете страни си подале рака за
пет годишен договор, и Андре Силва утре ќе ги комплетира редовните лекарски
прегледи.

Извештаите велат
дека Милан на Порто ќе му плати околу 40 милиони евра.

Андре Силва ќе
биде четвртото засилување за „Росонерите“ по Матео Мусакио, Франк Кеси и
Рикардо Родригез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани