Италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ пренесува дека Јувентус веќе направил конкретни чекори и започнал разговори со португалскиот репрезентативец од редовите на Манчестер сити, Бернардо Силва со цел да го донесе во Торино по завршувањето на актуелната сезона.
Договорот на Силва со англискиот шампион истекува на лето, што за „старата дама“ претставува одлична можност да го ангажира искусниот фудбалер без да плати обесштетување.
Според информациите на „Ла Стампа“, Португалецот веќе ја одбил понудата за продолжување на соработката со Манчестер сити, па неговото заминување од „Етихад“ се смета за речиси сигурно.
Јувентус и понатаму активно бара засилување во средниот ред, особено во текот на јануарскиот преоден рок, а меѓу имињата што се разгледуваат е и Гвидо Родригез од Вест хем.