Џошуа Зиркзе би можел е уште во јануари да се врати во Италија каде што го играше најдобриот фудбал во кариерата. Холанѓанецот ретко добива минутажа во Манчестер јунајтед бидејќи Аморим предност во нападот им дава на други фудбалер.
Медиумите во Италија сега пренесуваат дека Зиркзе е високо на листата желби на Рома. Гасперини го бараше уште додека ја водеше Аталанта, но тогаш не успеа да го доведе. Трансфер во Рим може да биде од корист и на Зиркзе со цел да почне да добива минутажа пред Светското првенство наредното лето.
Во Италија со успех го носеше дресот на Болоња блескаше, но во Јунајтед игра далеку под очекувањата. Според најавите Рома би можела да го доведе на позајмица во која ќе покрива половина од неговата плата од 3.5 милиони евра со опција за откуп на лето за 35 милиони евра.