Манчестер
јунајтед и Де Хеа никако да се договорат за продолжување на соработката, 28
годишниот шпански голман има важечки договор кој го обврзува на верност со
клубот до претстојното лето, а иако има можност да стане најскапо платениот
голман на светот, бара многу повеќе од тоа.
Стандард пишува
дека и покрај тоа што Де Хеа има понуда на маса во вредност од неделна плата од
350,000 фунти, Шпанецот бара онолку колку што бара Алексис Санчез, поточно
околу 400,000 фунти неделна плата.
Истиот медиум
додава дека извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд е решен
по секоја цена прашањето околу иднината на Де Хеа да ја реши до летниот преоден
рок, а тој веќе обезбеди нови договори за Лук Шо и Ентони Марсијал.
Челниците на
Манчестер јунајтед одлучија внимателно да им пристапат на преговорите со
шпанскиот голман, иако има опција за едногодишно продолжување плус во
договорот, со што Де Хеа би имал договор до 2020. година, на Олд Трафорд и
натаму се надеваат дека на крајот ќе пронајдат заеднички јазик со голманот.