Преглед на головите во ВМФЛ: Само реми за лидерите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Лидерите на табелата во Втората македонска фудбалска лига Македонија Ѓорче Петров и Башкими одиграа реми во своите натпревари, па Брегалница се доближи на само два бода од нив.

Брегалница славеше победа на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф со 0-2, додека средбите на Македонија Ѓорче Петров во Кочани против Осогово и Башкими кај Победа завршија без голови.

*Видеото е без погодоците од натпреварот Кожуф – Брегалница.

ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 49, Башкими 49, Брегалница 47, Арсими 42, Скопје 34, Детоните 32, Каменица Саса 32, Охрид 32, Кожуф 31, Беласица 31, Победа 23, Новаци 23, Вардар Неготино 21, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани