Денеска на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 24. коло во ВМФЛ по кое најголем добитник е Башкими кој се израмни на врвот со Македонија Ѓорче Петров каде што двете екипи имаат по 53 бода.
Но, сериозно до врвот се доближи и Арсими кој игра во одлична форма во вториот дел од сезоната, а по денешниот триумф над Скопје од 0-2 зад двете водечки екипи заостануваат само два бода.
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 53, Башкими 53, Арсими 51, Брегалница, 48, Детонит 36, Беласица 35, Охрид 35, Скопје 34, Кожуф 32, Вардар Неготино 27, Новаци, 24, Победа 23, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.
РЕЗУЛТАТИ 24. КОЛО ВМФЛ
Детонит – Борец 2-0
Скопје – Арсими 0-2
Каменица Саса – Башкими 0-5
Кожуф – Македонија Ѓорче Петров 0-0
Новаци – Победа 0-0
Осогово – Беласица 0-0
Вардар Неготино – Брегалница 1-0